Положете го возачкиот тест и ова лето

Дури и после добро проспиена ноќ, современиот начин на живот и секојдневниот притисок можат да го исцрпат организмот и да ве направат поспани.

351

Иако на прв поглед изгледа дека станува збор за веќе раскажана приказна, апелите и пораките за безбедно учество во сообраќајот, никогаш не се доволни. Безбедноста и културата во сообраќајот во Република Македонија сѐ уште не се издигнати на посакуваното ниво. Почитувањето на правилата во сообраќајот е обврска, како за младите, така и за оние поискусни возачи, кои поради стекнатата самоувереност многу често се обидуваат правилата и прописите во сообраќајот да ги заобиколат или да ги занемарат. Сообраќајните незгоди се наше секојдневие. Затоа, РСБСП уште еднаш потсетува за најчестите грешки на возачите во сообраќајот.

Брзо возење. Иако понекогаш ви се чини дека патот е чист и нема опасности, имајте на ум дека постои добра причина зошто брзината на одредени делови на патот е ограничена. Кон побрзо возење најчесто прибегнуваат помладите возачи, желни за докажување, но токму тие всушност се и најкритичната група возачи бидејќи немаат доволно искуство и не реагираат доволно брзо во критични ситуации. Како резултат на брзото возење, во 2017 година, во Република Македонија животот го загубиле 72 лица, а 1.254 се потешко повредени.

Небезбедно возење. Несоодветна и некомплетна сообраќајна сигнализација, игнорирање на сообраќајните знаци, престројување без проверка на „мртвите агли“, пишување пораки, телефонирање, консумирање храна и други нелогични активности можат сериозно да ја загрозат безбедноста на учесниците во сообраќајот. Можеби ова изгледа како нешто што се подразбира, но е една од најчестите причини за предизвикување сообраќајни незгоди.

Непочитување на правилото за првенство на поминување. Непочитување првенство на минување е голем прекршок и спаѓа во групата изразени и чести престапи. Многу е важно секој возач да разбере дека почитувањето на сообраќајните правила не е право на избор и ниту еден изговор или „оправдување“ не е издржано.

Возење во поспана состојба. Дури и после добро проспиена ноќ, современиот начин на живот и секојдневниот притисок можат да го исцрпат организмот и да ве направат поспани. Како последица на тоа се јавува намалена концентрација, отсутност на сетилата и забавена моторика. Во такви случаи, најдобро е да одморите, да повикате некој да дојде по вас, да нарачате такси или да искористите градски превоз. Можеби на тој начин нема да заштедите време, нема да заштедите ни пари, меѓутоа ќе зачувате нешто многу повредно – вашиот живот и вашата безбедност.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...