Малолетник на возраст од 15 години синоќа, 20-тина минути пред полноќ, изгубил контрола возејќи мопед, излизгал од патот и паднал на тротоарот. Со него се возела и 15-годишна девојка.
Со Итната медицинска помош тие биле пренесени во Клиничкиот центар каде на малолетникот му биле констатирани сериозни телесни повреди – животно загрозувачки, а со полесни повреди поминала девојката која е пуштена на домашно лекување.