Флекенштајн: Никогаш повеќе нема да ве наречам Северни Македонци!

4849

Од недоволно познавање направив грешка и во писмото до ЕУ, Македонците ги нареков Северни Македонци, никогаш нема да ја повторан таа грешка, рече европратеникот Кнут Флекенштајн во интревју за НОВА ТВ. 

-Не ми ја допирајте раната! Да, ја направив таа грешка. Моја цел не беше да повредам било кого но беше само од недоволно познавање. Но сега и до крајот на мојот живот знам дека сте Македонци, Македонци а не јужни, источни, западни Македонци, изјави Флекенштајн.

Тој рече дека и тој е малку разочаран што датумот е за идната година, но сепак дека и самите подготовки за почнување на преговорите вообичаено траат половина година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...