Дамјан Манчевски, министер за администрација и информатичко општество, по една година откако министерува прв пат жестоко распали по националната сервис – МРТ на својот „Твитер“ профил.
– Првпат откако сум министер јавно ќе кажам мое мислење. МРТВ е срам, дно и целосно под политичка контрола на ВМРО-ДПМНЕ. Македонија нема јавен сервис на граѓаните, напиша Манчевски на Твитер.