Американската тенисерка Серена Вилијамс по породилното отсуство официјално се враќа на мастерс-турнирот во Индијан Велс.
Нејзиниот сопруг Алексис Оханиан се потруди нејзиното враќање да биде со стил, па во Палм Спринг, како станица на Серена по патот кон калифорниската пустина нарача билборди на кои пишува „Најдобрата мајка на светот!“.
Серена активно почна да игра пред неколку недели кога настапи на Фед купот.
Мастерсот во Индијан Велс почнува на седми март и е прв голем турнир на кој ќе учествува по породувањето.
Фото: EPA/ERIK S. LESSER