ЕК: Почнуваат подготовките за преговори со Македонија и Албанија

341

Европската Комисија ја информираше јавноста дека по вчерашните заклучоци на министрите за надворешни работи на ЕУ за условен старт на преговори со Македонија и Албанија, ќе започнат подговотовките за тие преговори.

– ЕК сега ја зпочнува работата на подготовки, како што стои во заклучоците на Советот и ќе продолжи да поддржува опипливи и одржливи резултати, особено во областа на судството, борбата против корупција и јавната админстрација, кои имаат голем импакт врз секојдневниот живот на граѓаните – рече портпаролот на Европската Комисија, Маргаритис Шинас.

Според вчерашната одлука на Советот на ЕУ, со исполнување на поставените услови Македонија и Албанија ќе можат да почнат преговори за членство во јуни 2019 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...