СП 2018: Новинари се степаа по натпреварот Нигерија – Аргентина

- Еден арапскиот новинар се расправаше со својот европски колега, по што почна тепачка - објавија руските медиуми.

232

По синоќешниот натпреварот на Светското фудбалско првенство 2018 меѓу селекциите на Нигерија и Аргентина (1:2), се случи инцидент во кој учествуваа претставници на медиумите.

– Еден арапскиот новинар се расправаше со својот европски колега, по што почна тепачка. Во инцидентот настрада дел од инвентарот во микс-зоната – објавија руските медиуми.

Сведок на тепачката бил и аргентинскиот репрезентативец Хавиер Маскерано.

Двајцата новинари чии имиња не беа објавени биле отстранети од новинарската зона на стадионот во Санкт Петербург.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...