НАТО и Собранието организираат семинар за интеграцијата на Западен Балкан

Во трите дена на семинарот ќе се одржат осум сесии. Првата сесија е посветена на Зајакнување на правото, реформа во администрацијата и правосудството и борба против корупцијата и на неа најавено е обраќања на министерката за правда Рената Дескоска.

80

Од денеска до петок во македонското Собрание ќе се одржи 98.РОС-РОТ Семинар.

Семинарот е во организација на парламентарното собрание на НАТО во соработка со Собранието на Република Македонија на тема „Евроатланска интеграција на Западен Балкан: зајакнување на Европскиот мировен проект“.

Поздравни обраќања ќе имаат претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Парламентарното собрание на НАТО Паоло Али, швајцарската амбасадорка во Македонија Сибил Сутер Тејада, а клучни напомени ќе изнесе поранешниот американски специјален пратеник на Балканот и заменик – помошник на генералниот секретар на НАТО за операции Џејмс Пердју.

Во трите дена на семинарот ќе се одржат осум сесии. Првата сесија е посветена на Зајакнување на правото, реформа во администрацијата и правосудството и борба против корупцијата. На оваа сесија најавени се обраќања на министерката за правда Рената Дескоска, а во панел дискусијата ќе учествуваат поранешниот евроамбасадор во Македонија и вобреден виш научен соработник во Центарот за европски студии Ерван Фуере и Марија Ристеска од Центарот за истражување и креирање политики.

Втората сесија е посветена на Добрососедските односи и стабилноста на Западен Балкан: Мерки за градење доверба, а најавено е обраќање на министерот за надворешни работи Никола Димитров, а потоа ќе се организира посебна тркалезна маса на која неколку амбасадори ќе зборуваат за перспективи од соседите.

На третата сесија за мигрантската криза и балканската рута ќе се обрати министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, претставникот на УНХЦР Тихомир Николовски и Александар Тодосиев од МАРРИ.

Утрешните сесии се посветени на Земјите-НАТО аспирантки од Западен Балкан: Патот напред, Реформите во одбранбениот и безбедносниот сектор и Од Скопје до Брисел: следните чекори во евроинтегративниот процес. Најавени се обраќања, меѓу другото, на министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и на вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.

Во петок ќе се одржат седмата и осмата сесија на РОС-РОТ Семинарот а се посветени на Состојбата во медиумите во земјите од Западен Балкан и влијанието на дезинформациите и погрешните информации во креирањето на јавното мислење и Меѓуетничките односи на Западен Балкан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...