Османи: Мала политичка фигура е Иванов за да запре една ваква позитивна бура

876

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи смета дека претседателот Ѓорге Иванов не може да ја запре позитивната „бура“ што ги зафати Македонија и регионот на патот кон евроинтеграците, со непотпишувњето на ратификацијата на Договорот со Грција.

– Преседателот Иванов не е значителен фактор во овој процес. Многу е големо влјанието на Договорот меѓу Македонија и Грција. Голема е и енергијата која е испуштена од потпишувањето на овој Договор, што не го оставил рамнодушен цел свет. Мала политичка фигура е господинот Иванов за да запре една ваква позитивна бура, која е раширена на 17 јуни низ регионот. Треба да им се објасни на граѓаните за придобивките на овој Договор, и тоа што би можело да го изгубиме доколку не го потпишевме, вели Османи во интервју за емисијата „Different“ на Журнал ТВ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...