Влада: Уште едно големо признание за нашата земја

784

Уште еден голем ден за Република Македонија. Уште едно големо признание за нашата земја. Европската унија и лидерите на сите земји членки ја препознаа Република Македонија како земја на позитивни промени, на динамичен процес на реформи, инклузивност и општествен дијалог, посочуваат од Владата по одлуката на Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ преговорите за членство на Република Македонија да започнат во јуни 2019 година.

Тие, се вели во соопштението од владината прес-служба, во Република Македонија препознаа држава која со силна, добронамерна политичка волја ги решава споровите со соседите и земја на граѓани кои покажаа дека имаат јасно изразена визија за европска иднина.

– Патот на реформи и градењето на нашата земја како држава по европски правила, е неповратен процес. Остануваме на реформскиот курс. Пред нас имаме конкретна цел. Сега граѓаните на Република Македонија можат да кажат силно и слободно – Да, за Европска Македонија! Силно „Да“ за македонската иднина, за нашата заедничка иднина, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...