ГДУ на конференција во Софија: Какво решение е потребно за мигрантската криза? 

132

Какво решение е потребно за мигрантската криза? Ова прашање беше во фокусот на дискутантите во рамките на првата Студиска сесија на Европските Конзервативци и Реформатори која се одржува во Софија. Министри и европратеници од Бугарија, Британија, Данска, Полска, Германија,дискутираа за начините на формулирање стратегија како одговор на мигрантскиот наплив, сувереноста на националните влади и хуманитарниот аспект на проблемот.

Граѓанско Демократската Унија е единствена партија која е поканета на конференцијата, а Македонија веќе имаше искуство со напливот на мигрантите од соседна Грција. Затоа, на маргините на оваа сесија, Претседателот на ГДУ Петар Колев ќе биде поблиску информиран за опциите кои се разгледуваат и од Европскиот Парламент и од националните влади, од аспект на земја аспирант за членство во ЕУ и од аспект на земја која граничи со ЕУ на две свои граници, соопштуваат од партијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...