Заев: ЕУ ги препозна позитивните промени

691

Уште еден голем ден за Република Македонија. Уште едно големо признание за нашата земја, напиша на својот Фејсбук премиерот Зоран Заев, задоволен од доделувањето на датум за преговори на Македонија за влез во ЕУ.

– Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија, на денешната седница донесе одлука преговорите за членство на Република Македонија да започнат во јуни 2019 година.
Европската Унија и лидерите на сите земји членки ја препознаа Република Македонија како земја на позитивни промени, на динамичен процес на реформи, на инклузивност и на општествен дијалог. Држава која со силна, добронамерна политичка волја ги решава споровите со соседите и земја на граѓани кои покажаа дека имаат јасно изразена визија за европска иднина. Патот на реформи и градењето на нашата земја како држава по европски правила, е неповратен процес. Остануваме на реформскиот курс. Пред нас имаме конкретна цел. Сега граѓаните на Република Македонија можат да кажат силно и слободно – Да, за Европска Македонија! Силно „Да“ за македонската иднина, за нашата заедничка иднина, напиша Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...