Мицкоски: Целосно стоиме зад одлуката на Иванов, ќе има кривични за потписниците

509

Станува збор за допис кој се темели на правна аргументација и факти, што секој правник може да го забележи, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во емисијата „Само Вистина“ за одлуката на претседателот на државата Ѓорге Иванов да не ја потпише ратификацијата на договорот со Грција.

-Апсолутно стоиме зад целата постапка и ја поддржуваме, бидејќи сите избрани функционери впрочем заклетва даваат пред Уставот и законите, дека истите ќе ги почитуваат и заштитуваат. За жал гледаме дека имаме плејада на функционери како премиерот и останатите негови соработници. Во изминатиот период како не еден многу перфиден или еден многу дрзок начин истите тие или ги заобиколуваат или грубо ги кршат, не само законите туку и Уставот – изјави Мицкоски.

Тој кажа дека Иванов како одговорна личност е повикан да застане на патот на тоа, дека ова е исправна постапка и дека ВМРО-ДПМНЕ како и многу пати во минатото што кажале го поддржуваат претседателот.

-Апсолутно ја поддржуваме и повикуваме да опстои на оваа политика, бидејќи станува збор за капитулантско дело кое што е својствено само за Зоран Заев и неговите соработници – изјави Мицкоски.

Мицкоски кажа дека нема да го поддржи импичмент за Ѓорге Иванов, бидејќи нема никаква, ниту правна, ниту било каква логика.

Мицкоски напомена и дека ВМРО-ДПМНЕ подготвува кривична пријава за сите потписници на овој чин, според неговото зборови ова капитуланство дело.

-Во неделата што изминува, ВМРО-ДПМНЕ до соодветните органи ќе достави една таква кривична пријава за сите оние сторители на ова кривично дело – изјави Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...