Мицкоски: Еден семестар соработував со татко ми, ако ова е најсилната артилерија на СДСМ, нека пука ќе издржам

1198

Кога не би било смешно би било трагично. Секое дете има свој пример во животот, а за мене тоа беше мојот татко, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Само вистина“ за тврдењето на СДСМ дека станал универзитетски професор со помош на татко му.

– Нормално е дека секое дете има свој пример во животот, во мојот случај тоа беше мојот родител, мојот татко, ако ова претставува најголемата артилерија која СДСМ може да ја впрегне против мене и моите родители, тогаш нека пукаат и ќе го издржам сето тоа. Јас сум горд на мојот родител и на тоа дека имав можност еден семестар да соработувам со него и секогаш кога ќе треба поддршка и помош за мојот родител, тука сум, како што сум тука и за сите мои соработници и пријатели – вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...