Поранешниот министер за транспорт, Миле Јанакиески реагира на текстот „Јанакиески се изназборувал за провизии за автопатите“ дека е неточен и како што вели, полн со конструкции и не ја одразува фактичката состојба на денешното рочиште.
– Вистината е дека воопшто не е зборувано за никаква провизија. Имено на денешното рочиште за предметот „Траекторија“ во судницата беа пуштани незаконски снимените материјали за кои, според танскриптот, можеше да се увиди дека е направена погрешна транскрипција. Исто така направен е и превид во самиот превод од англиски на македонски. На овие пропусти на обвинителството реагираше одбраната, при што забелешките беа прифатени и од страна на самото Специјално јавно обвинителство.
Наводните грешки во транскриптот и преводот очигледно е дека сериозно ја менуваат суштината, реагира Јанакиески.