Горниот дом на холандскиот парламент денеска усвои закон со кој се забранува носење бурки кои го покриваат лицето во јавните институции како училишта, владини канцеларии и болници.
Агенциите потсетуваат дека долниот дом на холандскиот парламент го усвои овој закон во 2016 година, по обидот за воведување на сеопфатна забрана на бурки и други велови кои го покриваат лицето.