Апаратите за сушење раце шират зарази

Никол Вард советува да се користат обични марамици или хартија за бришење раце за да се избегнат бактериите.

743

Апаратите за сушење раце во јавните тоалети, според еден експеримент, се покажале како мошне заразни.

Направен е експеримент при што е земен сад и ставен на местото каде што ги држиме рацете при сушење. По три минути сушењето е прекинато, а садот оставен настрана неколку дена.

– Сето ова се разви за неколку дена, а влезе преку апаратот за сушење, напиша на својот Фејсбук профил Никол Вард, која го правеше експериментот, со објаснување дека „суштествата“ се појавиле само по три минути користење на апаратот.

Таа вели дека нема намера никого да вознемири, туку само да предупреди и да се избегнат непријатности. Советува да се користат обични марамици или хартија за бришење раце за да се избегнат бактериите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...