„Бомби“ од Јанакиески со Груевски и амбасадорот во Кина се пуштаа во судница

Во разговорите најмногу се слушаа разговорите на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески со неговите соработници и со амбасадорот на Македонија во Кина Оливер Шамбовски, но и со поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески.

1361

Во Кривичниот суд во Скопје денеска на рочиштето за случајот „Траекторија“ на СЈО беа пуштени 30-ина „бомби“ од разговорите за договарање како да се спроведат правните процедури со кинеските компании околу изградбата на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид во периодот јануари 2013 година.

Во разговорите најмногу се слушаа разговорите на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески со неговите соработници и со амбасадорот на Македонија во Кина Оливер Шамбовски, но и со поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески.

За случајот треба да се слушнат вкупно 315 „бомби“.

Во „Траекторија“ осомничени се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски дека во 2012/2013 година ги пречекориле своите овластувања во постапката за избор на компанија за изградба на автопатските делници до Штип и Охрид и нанеле штета на Буџетот на државата од најмалку 155 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...