Премиерот Заев денеска во Австрија, утре во Полска

111

Премиерот Зоран Заев, придружуван од владина делегација, денеска ќе престојува во официјална посета на Австрија, а утре ќе биде во работна посета на Полска.

Како што соопшти владината прес-служба, Заев во Виена ќе има средба со федералниот канцелар на Република Австрија, Себастијан Курц, по што ќе имаат заедничка прес-конференција.

Претседателот на македонската Влада ќе има средба и во Парламентот на Австрија, ќе се обрати на дебата на тема „Заедничка европска иднина за Југоисточна Европа – Примерот на Македонија“, а во рамки на посетата со владината делегација ќе има средби и со претставници на бизнис-заедницата во Австрија.

– Во Варшава, премиерот Заев ќе има средба и заедничка прес-конференција со премиерот на Република Полска, Матеус Моравјецски, информира владината прес-служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...