Облачно со локален дожд

115
20150617 Wednesday 1344 poroen dozd skopje letno nevreme leten dozd vremenska prognoza

Променливо облачно време со повремен локален дожд ќе преовладува и денеска во Македонија. Во јужните делови од државата се очекуваат пообилни врнежи. Ќе дува умерен до засилен североисточен ветер, особено на запад и североисток.

Утринската температура ќе се движи од девет до 18, а  дневната од 15 до 22 степени. УВ-индексот ќе изнесува 5.

Во Скопје, слично време со повремен локален дожд и ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

До четврток времето ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд. Најобилни врнежите ќе бидат во јужните и југоисточните делови, каде од целиот бран на повеќе места се очекува да наврнат над 50 л/м2, а локално и над 75 л/2 дожд.

Од петок се најавува посончево време со значителен пораст на дневната температура.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...