Заев: Правните служби работат на решение доколку Иванов не ја потпише ратификацијата за името

1022

Правните служби работат на решение доколку претседателот Ѓорге Иванов не го потпише законот за ратификација на договорот за името, информираше вечерва премиерот Зоран Заев во интервју за 1ТВ.

– Жалам што претседателот Иванов го пропушти моментот со тоа што вака ги позиционираше своите ставови. Јас знам дека после успешниот референдум должност е сите да се поклониме и да го поддржиме, кој со глас во Парламентот, кој со потпис. Се уште немам информација дали претседателот Иванов ќе го потпише законот за ратификација на договорот, но тој објави дека нема да го потпише и веројатно нема да потпише. Потоа Парламентот ќе треба повторно да го изгласа и после тоа е должен да го потпише. Јас очекувам таа должност, тој да ја исполни – истакна Заев и додаде дека правните служби работат на изнаоѓање на решение, доколку Иванов не потпише.

Според Заев, ваквата пракса на Иванов да не ги потпишува законите изгласани по вторпат, како што рече, теоретски може да значи дека нема не ги потпише и следните 178 закони од Собранието.

– Решение мора да има, точно е дека имаме време Грција да го испрати писмото во ЕУ и НАТО. Во договорот стоеше Парламентот да го ратификува договорот, а не и претседателот – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...