Премиерот Зоран Заев истакна дека екс премиерот Никола Груевски додека преговарал за прашањето за името со Грција, прифатил „ерга омнес“, односно име за севкупна употреба, но тогаш проблем било што Грција не го прифаќала македонскиот идентитет, за разлика од сега кога го прифаќа. Тој ова го изјави во интервју за 1ТВ.
– Груевски сам во своите мега интервјуа кажа дека името ќе се решело но Грција не го признавала македонскиот идентитет. Тој се имал согласено за ерга омнес, сите знаат дека се разговараше за име за севкупна употреба. Ние сме северниот дел од таа историски Македонија. Сите знаат дека со решавање на овој проблем, ќе станеме членка на НАТО и ќе ги почнеме преговорите со Европската унија и ќе се отворат границите.