Заев ќе биде покровител на јубилејот – 70 години од основањето на Институтот за национална историја

341

Премиерот Зоран Заев прими делегација на Институтот за национална историја (ИНИ), предводена од директорот Д-р Драги Ѓоргиев, кој воедно е и дописен член на МАНУ, соопшти Владата.

Делегацијата на ИНИ, во чиј состав беа и проф. Д-р Марија Пандевска, и проф. Д-р Љубица Јанчева, членови на Советот на ИНИ, го информираа премиерот Заев за подготовките на прославата по повод 70 годишнината од основањето на оваа угледна научна установа.

Претставниците на ИНИ го поканија Премиерот Заев да биде покровител на годишнината со оглед на фактот што оваа научна установа е основана од Владата на Народна Република Македонија во 1948 година, како прва научна установа во историјата на македонската држава.

Гостите од ИНИ го информираа претседателот дека програмата за одбележување на оваа значајна годишнина ќе започне на есен со серија настани и со промоција на 17 нови научни дела произлезени од проектите на ИНИ од минатата година, а завршниот дел од програмата, со свечена академија и со меѓународен научен симпозиум на тема „Балканската историографија и современите предизвици“, ќе се одржи во ноември оваа година.

Заев се заблагодари за укажаната чест, ја прифати поканата, и ги охрабри научните работници од ИНИ во реализацијата на меѓународниот научен симпозиум, на кој ќе учествуваат голем број истакнати историчари и други научни работници од регионот, Европа и светот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...