Еден маж е во критична состојба по пукање во францускиот град Монпеље, објави порталот „Миди либре“.
Инцидентот се случил попладнево. Полицијата го затворила целиот реон, додека ранетиот маж, на возраст од околу 20 години е префрлен во болница.
Телевизиската мрежа БФМТВ јавува дека во инцидентот повредени се повеќе луѓе.
Порталот „Франсинфо“ јави, повикувајќи се на извори во полицијата, дека дошло до вооружен судир меѓу посетители и мештани.
– Повредени се четири лица – наведува „Франсинфо“.
Засега нема повеќе детали за инцидентот.