Сосед на убиениот Филип во Монструм ја видел колата на момчето кај езерото

Сведокот кажа дека на заминување го видел возилото на Филип паркирано таму, но ме гo видел ниту него, ниту другарите.

5111

Уште еден сведок кој дента на масакрот кај Смилковско езеро бил таму на риболов денеска сведочеше во судницата во Основниот суд Скопје.

Тој е сосед на Филип, едно од убиените момчиња. Критичниот ден отишол на езерото околу 10.30, а заминал околу 17.30 часот.

Сведокот кажа дека на заминување го видел возилото на Филип паркирано таму, но ме гo видел ниту него, ниту другарите. Утредента кога ја носел сопругата на работа автомобилот го видел во полициска станица и отишол да му каже ма таткото на Филип кој бил на работа. Не му кажал директно бидејќи таткото се уште не знаел, само го прашал дали Филип се вратил дома и му кажал дека возилото му е во полициска станица.

Соседот рибар додека бил на езерото не забележал ништо невообичаено. Кога стигнал дома заспал порано, а во 2 часот по полноќ неговите деца му кажале дека Филип и другарите биле убиени кај Смилковско, а за тоа дознале преку Фејсбук.

Тој кажа дека додека ловел риба видел дека на езерото дошол сив џип кој претходно не го гледал таму и лицата кои дошле, најверојатно двајца, биле и со бел чамец во езерото. Како што кажа кратко се задржале и си заминале. Биле на 150-200 метри подалеку од него и не ги видел добро, ниту пак можел да види каква марка е џипот, бил фокусиран на риболовот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...