Нашите војводи и комити од континентот на кенгурите, откако си ги испразнија желудниците, плукајќи по македонската влада и со патриотска леснотија успеаја нашите дипломати да ги избришат, сега се на пат со Абориџините договор за братска љубов да потпишат. Ќе си формираат, ако треба, и своја задгранична прекуокеанска влада, од јунаци војјводи и храбри комити. Така за татковина се страда.
Што ќе им ова мало парче македонска земjа. Што ќе им се солзи по оваа грутка страдалница, вековна маченица.
Но, јас мислам поинаку. Од тие далечини, бидете уверени, вистинските чеда со таква зол не се гласат. Својот народ и татковината не ги гнасат. Не е тоа одек на чемерот што во нив тлее, што боли. Што не може да се скроти. На татковината не ѝ вртат грб вистинските синови, патриоти.
Пропагандни огнови разгоруваат преваранти, платеници, манипуланти и разноразни идиоти.
Не е за верба дека преку големата вода најдоа замена за љубовта стара. За Мариово, Преспа, Костурско, Воденско,Битолско… замена не се Перт, Мелбурн, Сиднеј, Аделаид, Илавара.
И во сон и на јаве, вистиското чедо, родната стреа ја бара.
На мајката, на братот, не им се врти грбот!