Сведокот во „Монструм“ не ја разбира Фатиме Фетаи, ќе има нов сведок

Сведочењето на рибарот наговести нов сведок во „Mонструм“

1886

Рибарот Ахмед Бекир кој на минатото рочиште се онесвести додека сведочеше за петкратниот убиство кај Смилковако езеро денеска повторно сведочеше во судница. Со конфузни искази тој раскажуваше за денот на убиството и за тоа кога тој и другарите рибари биле однесени за првпат да сведочат во полиција.

Сведокот кажа оти имало еден Ром кој работи во Алфите и кој дошол да ги однесе него и другарите рибари во полиција да дадат исказ вечерта откако се случи убиството. Рибарот рече дека го видел само еднаш, но кажа и оти отприлика знае во кои куќи живее.

Обвинителката Фатиме Фетаи го прашуваше од каде знае како се вика Ромот што работи во Алфите, но тој повторуваше дека го видел само тогаш и после тоа никогаш повеќе.

Се очекува ова лице да биде и еден од новите сведоци кои ќе бидат повикани да сведочат во понатамошната судска постапка.

Тој повтори искази од минатото сведочење, односно дека ги видел момчињата попладнето и тие од него и од другарите побарале леб за ловење риба.

Сведокот повтори и оти кога си заминале околу 19 часот виделе како лежат на стомак, но не застанале зошто се исплашиле. Сведокот кажа и оти сретнале човек со автоматска пушка кој ги прашал како се викаат и им рекол да си одат за да не ги убие.

Сведокот повторуваше дека не може да се сети добро во детали бидејќи тоа се случило пред повеќе од шест години, како и дека е неписмен и не ги разбира добро дел од прашањата на обвинителката Фатиме Фетаи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...