СП 2018: И Германија под истрага за начинот на прославување на постигнат гол

ФИФА отвори дисциплинска постапка против двајца членови на германската репрезентација, директорот на Сојузот Георг Бехлау и портпаролот на тимот Улрих Фојгт.

699

Светската фудбалска федерација (ФИФА) може да ја казни германската репрезентација поради начинот на прослава на победничкиот гол на дуелот со Шведска во саботата (2:1).

ФИФА отвори дисциплинска постапка против двајца членови на германската репрезентација, директорот на Сојузот Георг Бехлау и портпаролот на тимот Улрих Фојгт, Двајцата бурно ги искажаа своите емоции кога Тони Кроос го постигна победничкиот гол во дополнителното време.

Бахлау и Фојгт трчаа кон клупата на Швеѓаните, по што се судрија со член на противничкиот тим.

Претставниците на германската репрезентација, како и Германскиот сојуз, се извинија за малиот инцидент.

ФОТО: Јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...