Мурињо незадоволен од раководството

440

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо е незадоволен од раководството на клубот, објави „Дејли Мејл“. Португалецот е лут на начинот на кој некои играчи преговараат за нови договори.

Застапниците на Антони Марсијал и Маркос Рохо ги почнаа преговорите со клубот во декември, но уште се чека предлог од страна на раководството за нови договори на двајцата.

Договорите меѓу Марсијал и Рохо истекуваат на крајот на следната сезона. Клубот има опција за продолжување на договорот на Французинот за уште 12 месеци, но Мурињо е загрижен од забавувањето.

Иднината на Хуан Мата, Андерс Херера, Лук Шо, Ешли Јанг и Дејли Блинд исто така не е јасна. Јунајтед ги користи клаузулите во нивните договори и ги продолжува до 2019 година, но играчите не потпишаа нови договори.

Одложувањето на договорот за Маруан Фелаини се смета за една од причините тој да одбие понудата и сега најверојатно ќе го напушти како слободен играч.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...