Ѓоковиќ: Блиску сум до мојата најдобра форма

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е задоволен од моменталната форма и покрај поразот во финалето на турнирот во Лондон од Хрватот Марина Чилиќ.

220

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е задоволен од моменталната форма и покрај поразот во финалето на турнирот во Лондон од Хрватот Марина Чилиќ.

– Јас сум блиску до мојата најдобра форма и многу ми е драго што можам да играм на ова ниво пред Вимблдон. Лондон е голем турнир пред Вимблдон, и стигнав до финалето. Ова е одличен резултат, истакна поранешниот прв светски рекет.

Тој му ја честиташе победата на ривалот и додаде дека е добро што по една година, повторно е во завршницата од еден турнир.

31-годишниот Ѓоковиќ половина од минатата сезона ја пропушти поради повреда на лактот.

Следен негов предизвик е Грен слемот Вимблдон кој ќе се одржи од 2 до 15 јули. Ѓоковиќ има три титули од овој турнир. Победуваше во 2011, 2014 и во 2015 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...