Делегација на француски политичари, вклучувајќи го и сенаторот, уапсени се денеска во Турција додека се обидувале да ги набљудуваат изборите во земјата.
– Турските власти сакаат да ја загушат секоја критика за големата измама која се случува на изборите, се наведува во соопштението на Кумунистичката партија на Франција, и додава дека меѓу уапсените е и сенаторката Кристина Пруно.
Државната турска агенција Анадолија, која е под контрола на режимот на Ердоган, јавува дека до сега се уапсени 10 Европејци, вклучувајќи ги тројцата Французи, тројца Германци и четири Италијани, кои ги набљудувале изборите на југоистокот на Турција, каде претежно живеат Курди.
Главната турска опозициска партија, Републиканската народна партија изрази голема загриженост поради многуте жалби за нерегуларности на изборите.