На избирачки места ширум Турција забележани се разни малверзации и инциденти. Како што информира турски Б-Б-Ц, забележани се тепачки и ранети се три лица со нож.
Новинската агенција Доган јавува дека во местото Суруч во едно основно училиште избила тепачка помеѓу две групи кои употребиле ножеви. Повредени се три лица, а интервенирала и полицијата.
Актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган изјавил дека нема посериозни проблеми на гласањето, додека медиумите и социјалните мрежи тврдат поинаку.
Набљудувачи наводно добиле закани, а некои од нив се претепани во неколку села, поради што повлечени се од избирачките места.
Граѓани објавуваат снимки на групно гласање во одделни места и фотографии на отворени избирачки ливчиња.
Burası Şanlıurfa 2242 no’lu sandık. Buraya gelen insanları parçalamakla tehtit edip müşahitleri sandıklara yaklaştırmıyorlar. Şanlıurfa’da olan gönüllü müşahit arkadaşların desteğe gelmeleri lazım! #Seçim2018 #Sandıkİhbar pic.twitter.com/khmGy61Z7w
— M. Urcan (@unutulmazAdam) June 24, 2018
FLAŞ.
Şanlıurfa'nın Suruç ilçesinde AKP'li H.Yıldız'ın adamları toplu oy atıyorlar. Urfa'ya dikkat demiştim
pic.twitter.com/JxIk3o2hyV— Kaç Saat Oldu?🌎 (@kacsaatoldunet) June 24, 2018