Арсовски: Криминалци во координација со градоначалници на СДСМ се организатори на нападот на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

350

Вчера беше нападнат штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Вчера се виде во право светло недемократското лице на власта и Зоран Заев, она реалното, неразубавено од милион шарени лаги и лажни очекувања, обвини на прес-конференција Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека полицијата молчи иако од нападот поминале повеќе од 16 часа.

– Нашите индиции говорат дека зад ова седи власта, а сценариото се спроведува од нивните инсталации. Според наши непотврдени информации, на вчерашниот инцидент му претходела една средба пред неколку дена во едно познато скопско кафуле на која присуствувал еден градоначалник од редовите на СДСМ, еден многу близок вработен во кабинетот на друг градоначалник и неколкумина лица со дебело полициско досие.
Според нашите неофицијални информации тие лица биле убедувани да се инфилтрираат на протестите за името и да предизвикуваат насилство за кое подоцна ќе се обвини ВМРО-ДПМНЕ се со цел да се прикаже за неконструктивна, насилна и да се деградира нашата борба против штетниот договор кој што го потпиша Зоран Заев во Преспа – рече Арсовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...