Саудиска Арабија прва за освојување од македонските бизнисмени

883

Бизнисмените од Саудиска Арабија очекуваат големи можности за инвестирање во земјава.

Фармацевтската прехранбената и хемиската индустрија ќе се отвора пазарот кон Саудиска Арабија, најави денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески пред средбата со делегацијата на бизнисмени од Саудиска Арабија.

Азески соопшти дека како Комора подолг период работи во отворање нови пазари за македонските компании, а Блискиот Исток е регион каде што интензивно се работи.

– Детектирани се можностите за учество на Саеми, остварување бизнис средби и за настап на овој пазар. Стопанската комора подготвува свои претставништа во Кувајт, Ирак и Оман. Има обезбедено простор и луѓе и наскоро и ќе бидат отворени – рече Азески.

Според него, Саудиска Арабија како лидер во регионот може многу да придонесе во настапот на македонските компании во тој регион.

– Нашата тенденција е да ги отвориме пазарите на Блискиот Исток и посебно на Заливот. Работиме долго време на тоа, а Саудиска Арабија би била значаен партнер особено ако се земе предвид дека размената е многу ниска, околу 10,7 милиони долари, и има простор за нејзино унапредување – рече Азески.

Азески додаде дека постојат големи можности и веќе се детектира насоката во која тие треба да се движат.

Бизнисмените од Саудиска Арабија, пак, очекуваат големи можности за инвестирање во земјава.

– Три дена ги разгледуваме можностите за инвестирање во Македонија. Многу сме задоволни од пријателската средина и луѓето. Се надеваме на конкретна иницијатива за градење мостови меѓу деловните заедници од двете земји – изјави почесниот конзул на Македонија во Саудиска Арабија, Абдула Ал Нувајсер.

Трговската размена меѓу Македонија и Саудиска Арабија изнесува 10,7 милиони долари.

Бизнисмените од Саудиска Арабија денеска беа примени од премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...