ФИФА покрена истрага против Фудбалските федерации на Хрватска и на Аргентина поради инцидентите меѓу аргентинските и хрватските навивачи на натпреварот во Нижи Новогород.
– Не можеме да го коментираме случајот, но можеме да потврдиме дека стигна пријава – истакна портпаролот на Фудбалската федерација на Хрватска, Томислав Пачак.
Хрватска убедливо ја совлада Аргентина со 3:0, а дел од аргентинските навивачи не можеа да го скријат својот бес поради катастрофалниот пораз и нападнаа неколку хрватски навивачи.
Дисциплинската комисија на ФИФА веќе ја казни Фудбалските федерации на Полска со 10.000 швајцарски франци заради полските навивачи кои извикувале политички пораки на натпреварот против Сенегал.