Претседателот на Украинскиот олимписки комитет Сергеј Бубка и селекторот на карате репрезентацијата на Украина Антон Никулин и го честитаат Олимпискиот ден на Карате федерацијата на Македонија и на сите каратисти од Македонија.
Претседателот на Украинскиот олимписки комитет Сергеј Бубка е еден од великаните на Светскиот спорт воопшто. Човек кој десет пати беше Светски шампион во скок со стап, шест пати на отворено и четири во сала, како и триесет и пет кратен светски рекордер во оваа дисциплина.
Селекоторот на украинската карате репрезентација, Антон Никулин е еден од најуспешните карате тренери во светот, со кој Карате федерацијата на Македонија има одлична соработка.
Карате федерацијата на Македонија се заблагодарува на искрените честитки на Украинскиот олимписки комитет на чело со Сергеј Бубка, а воедно и на сите каратисти и на сите спортисти и спортски организации, кои се дел од олимпиското движење им го честита овој ден и им посакува успех во обидот за остварување на олимписка норма за Токио 2020.
На овој ден кога се празнува олимпизмот во Светот, Ненад Келебиќ освои бронзен медал на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија, што го прави засега единствен медалист на Македонија, на игрите кои се под Меѓународниот олимписки комитет.