Јанушев: Зад кукавичкиот вандализам стојат блиски до СДСМ со дебело полициско досие ВИДЕО

2072

Вечерва беше нападнат и кукавички каменуван централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, информира генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев доцна вечерва половина час пред полноќ, а по завршувањето на протестот пред Собранието против договорот со Грција и промена на уставното име.

-Нападот на ВМРО-ДПМНЕ е акт на насилство и вандализам, но и напад на сите оние кои ги штитат македонските национални интереси. Индициите за ова говорат дека одговорни за ваквиот напад е структури блиски до власта, по принципот на Шарената револуција. На што го темелиме ваквото убедување? Веќе подолг период ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека власта предводена од Зоран Заев има насилно сценарио спроведувано од свои инсталации и полициски структури чија цел е да го турне ВМРО-ДПМНЕ во насилство како би можело полесно да се делегитимира нашата борба против капитулацијата на Заев во договорот со името – рече Јанушев.

Според Јанушев власта преку овие и слични провокации посакува нов 27-ми април каде Заев би се прикажал за жртва, а ВМРО-ДПМНЕ би била оцрнета.

-Првиот  таков неуспешен пример беа насилните протести пред Собранието, каде за жал, колатерална штета беа недолжни граѓани, жени и деца. Тоа е целта и на вечерашниот напад за кој е многу веројатно дека ќе сака да се прикаже како наводно незадоволство на незадоволниците од ВМРО-ДПМНЕ, а впрочем вистинската одговорност лежи во оние кои ја имаат власта. ВМРО-ДПМНЕ има прецизни информации за оперативци од полициските структури кои финансираат и подбуцнуваат насилство кое треба да се насочи кон ВМРО-ДПМНЕ, рече Јанушев.

Генералниот секретар вели дека ВМРО-ДПМНЕ има информации дека во ова се вклучени и лица од раководството на СДСМ.

-На сето ова претходело и средба во едно од скопските кафулиња каде лица од СДСМ биле во друштво со лица со дебело полициско досие, при што биле стимулирани да предизвикаат насилство. Ова е вистинското диктаторско лице на Зоран Заев. Во негови раце е и полицијата, судството и сите механизми, да го спречи сето ова и да ги открие сторителите. Ова е сериозен удар на демократијата. Ова е удар на демократските процеси каде главната опозициска партија е под напад. Овој начин на функционирање е препознатлив само во афричките диктатури, истакна Јанупев.

Според него, ова е сериозен доказ дека власта ја губи контролата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...