Вечерва на најкукавички начин по принципот на Шарената револуција беше нападнат штабот на ВМРО-ДПМНЕ затоа што не го поддржува штетниот договор потпишан од Заев, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО – ДПМНЕ.
-Вечерва власта на Заев покажа на што се е подготвена за да успее во распродавањето на националните интереси. Нападот врз штабот на ВМРО-ДПМНЕ е напад врз секој еден МАКЕДОНЕЦ и член на ВМРО-ДПМНЕ! Ова нема да помине така и за ова ќе има одговор и жестока реакција согласно акцијата – вели Арсовски.