Владимир Трајкоски: Нов трибализам

992

Во целиот свет, но најзабележливо во источноевропските земји и на Блаканот, луѓето одново ги потврдуваат своите локални, етнички, верски и национални идентитети. На сцената повторно настапуваат племињата, а нивното „повторно” појавување е најдраматично таму кај што репресијата била најжешка. Претпоставувам дека, по многу нешта ова ќе значи крах на тоталитаризмот. Меѓутоа, како да се поставиме во однос на приказните и песните што во себе најчесто имаат омраза и гнев спрема соседните народи, исто колку и надеж во националното будење.

Нашето општество никогаш не успеваше да ја свати идејата на племињата. Соочено со нивната повторна појава, првата реакција е да се зачува она што е во рамките на постојните повеќенационални држави-секако со демократски промени, но не и отцепување. Голем број на нации меѓу кои и нашата живееја во мир, заедно под властана социјализмот.

Зошто? Во моментот кога Западна Европа создава ново единство, како некој би се залагал за разнебидување и разделба на Истокот. Меѓутоа, единството коешто ни го нуди Западот е само посебен производ или историски наследник на довојувањето. Со векови суверенитетот на големите држави на Западна Европа му претходеше на остварувањето на Европското заедништво. Пре да се постигне тоа единство, бил остварен државен суверенитет, како и демократско уредување. Со воведувањео на самиот народ во политчкиот живот, тој во него ќе се вклучи со сите свои обичаи и правила, со своите јазици, историското паметење, религијата и определувањето. Добрите огради овозможуваат добри односи меѓу соседите само тогаш кога постои само мал компромис за тоа каде треба да се постават.

Во таква околност, тешко е да се каже што значи правда, а уште помалку со која “политика” таа може да се оствари. Се сомневам дека има правило или редица на правила со кои би можел да се утврди начинот на раздвојување и начинот на ограничување. Меѓутоа веројатно постојат и општи принципи, кој може да ги гледаме како одраз на демокративност во меѓународната политика.

Во прашање е вредноста на историските, културните или верските заедници и се разбира најмногу политичките слободи на секој од нас посебно. Демократијата незнае за природни целини. Теренот е лизгав и треба да го избегнуваме. Во стварноста, помеѓу доминацијата и детрибализацијата, односно доминацијата и одвојувањето, постојат многу реални ангажмани, постојат и морални и политички причини за прифаќање на различните ангажмани во секој однос.

Историјата ни покажува дека на овој лизгав терен може да се најдат многу сигурни места. Светот се менува на начин кој немора секојгаш да биде оправдан од морална гледна точка, а нашите права без капка крв ќе можат да се зголемат и нема да се изгубат. Цената на сето ова е компромисот а тој секогаш неможе претходно да се предвиди, а изборот по својата прилика ќе зависи само во основата на нашите принципи. Потребен ни е меѓународен концезут, кој во предвид ќе ги земе сите можности и ќе ги поддржи сите политички договори кои ќе ги задоволат загрозените народи. Но, гаранција дека ќе се постигне решение што ќе задоволува, не постои, а понекогаш, посматрајќи ги војните меѓу народите навистина сите би ни завиделе.

Сепак, ваквата аргументација не враќа на добриот пат кадешто разбирливоста дека еден народ може да биде спасен, згрижен и ставен на Европската патека.
Личноста никогаш нема да биде поголема од групата, меѓутоа таа ако ништо друго барем е способна да води, и да обезбеди граници и услови кадешто ние сите се стекнуваме во слободен идентитет, јазик од оној којшто ни беше претходно како големо бреме врз сите нас. Мораме да размислуваме за политичките структури кои што навистина брзо дејствуваат и не абсорбираат како атомите во молекулата. Овие структури секогаш ќе гарантираат заштита. Тоа значи дека нашата припадност на родот на човекот никогаш од нас нема да направи припадник на еден уневерзален народ. Затоа што тоа не постои.

Владимир Трајкоски, Односи со јавност во НСДП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...