Додик ја обвини Британија дека испратила експерти за дестабилизација во Бања Лука

400

Претседателот на Република Српска Милорад Додик ја обвини Британија дека се обидува да ја дестабилизира Босна, и дека за таа цел испратила експерти во Бања Лука.

– Се работи за експерти кои дејствуваат на социјалните мрежи, во медиумите, кои прислушкуваат, и чија цел е да создадат општ хаос и дестабилизација, пред се во Република Српска, обвини денеска Додик.

Според претседателот на српскиот дел на Босна, се работи за дел од проект на британската Влада, за кој се издвоени девет милиони фунти, номинално со цел да се сузбие руското влијание на Балканот.

– Граѓаните мора да бидат свесни дека не може да сметаат на добронамерноста на Британците, и дека ова се прави со цел да се создаде унитарна и централизирана Босна и Херцеговина, додаде Додик

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...