Премиерот Зоран Заев, придружуван од владина делегација, на 26 јуни официјално ќе ја посети Австрија, а на 27 јуни ќе биде во работна посета на Полска.
Како што соопшти владината прес-служба, претседателот на Владата во Виена ќе има средба со федералниот канцелар на Република Австрија, Себастијан Курц, по што ќе имаат заедничка прес-конференција.
Заев ќе има средба и во Парламентот на Австрија, ќе се обрати на дебата на тема „Заедничка европска иднина за Југоисточна Европа – Примерот на Македонија“, а во рамки на посетата со владината делегација ќе има средби и со претставници на бизнис-заедницата во Австрија.
– Во Варшава, премиерот Заев ќе има средба и заедничка прес-конференција со премиерот на Република Полска, Матеус Моравјецски, информира прес-службата на Владата на РМ