Во британските и светските таблоиди сè поприсутна е веста дека штотуку венчаниот кралски пар, принцот Хари и Меган Маркл, очекува близнаци.
Наводно, како што пишуваат „ОК! Магазин“ и „Холивуд Лајф“, новостите парот ги дознал по медениот месец, а први дознале принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
Нивните пријатели очекуваат дека наскоро кралското семејство ќе ги потврди овие новости, а некои отишле дотаму што и тврдат дека војвотката од Сасекс веќе носи пошироки фустани, дека Хари заштитнички се однесува кон неа, но и дека Меган го има специфичниот сјај на кожата кој е карактеристичен за трудниците во првите месеци.
Сепак, официјална потврда за оваа информација нема, а се верува дека тоа е поради кралското правило дека вест за бременост не се пренесува во јавноста сè до навршувањето на првите три месеци.