Грчкиот премиер Алексис Ципрас за прв пат стави вратоврска, исполнувајќи го ветувањето дека ќе стави вратоврска кога Грција ќе излезе од економската криза.
Тој кога стапи на премиерската функција изјави дека нема да стави вратоврска се додека не успее да ја извлече Грција од должничката криза.
– Малку ми е тешко, но ќе се навикнам – рече грчкиот премиер, кој си го одржа ветувањето и со црвена вратоврска се појави пред пратениците на коалициските партнери СИРИЗА и Независни Грци.
Вратоврската со која се појави денеска е слична односно иста како онаа која македонскиот премиер Зоран Заев му ја подари во Преспа, при потпишување на Договорот за името.