Германската амбасада ја поздрави ратификацијата на Договорот за името

93

Германската амбасада во Скопје денеска преку соопштение упати честитки на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за постигнувањето на, како што оценуваат, историскиот Договор за прашањето за името, како и за неговата ратификација во македонското Собрание.

„Договорот за ова долгогодишно прашање е значајно постигнување, кое немаше да биде можно без лидерството, посветеноста и политичката храброст од страна на двајцата премиери и на министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас поддржани од специјалниот посредник на ОН, Метју Нимиц“, се наведува во соопштението.

Решавањето на спорот за името, се додава, промовира заедничка европска иднина и ќе донесе значајни можности за двете земји и во регионот, вклучувајќи и зголемен просперитет и безбедност. Тоа исто така, се наведува, ќе го отвори и евроатлантскиот пат што повеќе претходни влади во Скопје го имаа за своја цел.

„Ја поздравуваме ратификацијата на Договорот од страна на Парламентот вчера и нудиме на двете земји целосна поддршка и ги повикуваме сите лидери, политички партии и граѓани во двете земји да ги препознаат придобивките од решавањето на долгогодишниот спор“, соопшти Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...