Еден ден по атентатот во Куманово во која цел беше советникот на ДУИ, Фериз Дервиши, извори за Алсат М велат дека полицијата вршела контроли во неколку куќи во село Черкезе и на полициски распит бил повикан функционерот на ДУИ, Назми Беќири и неговиот роднина Идриз Беќири.
Полицијата упадна и во куќата на семејството Мисини во Черкезе, чии членови беа вмешани во крвавиот инцидент од пред две месеци во Мала Речица, во кој беше убиен Наип Реџепи од Куманово.