Конкурс за 20 стипендии за постдипломски студии на Сити колеџот во Солун

219

Министерството за образование и наука информира дека е во тек конкурсот  за доделување 20 стипендии „Борис Трајковски“ за студии од втор циклус на Извршната програма за бизнис и администрација на Сити колеџ – Меѓународен факултет во состав на Универзитетот Шефилд од Велика Британија, лоциран во Солун.

Стипендиите се за академската 2018/2019 година за насоките: маркетинг, општ менаџмент, финансии, менаџмент во логистика, менаџмент во здравство и менаџмент на човечки ресурси.

„Вредноста на една стипендија е 14.890 евра и ги покрива трошоците за уписнина. Половина од средствата, односно 7.445 евра, ги обезбедува Владата на Република Македонија – Министерство за образование и наука, а останатата половина Сити колеџот.  Патните трошоци, сместувањето и другите дневни трошоци се на товар на кандидатот“, соопшти МОН.

Сите дополнителни информации за условите, критериумите и потребните документи за аплицирање се објавени во конкурсот кој МОН го објави на својата веб-страница.

Крајниот рок за аплицирање е 20 јули 2018 година. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...