Општина Центар ќе почне со реализација на проектот за финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и постоечки лифтови на станбените згради, соопшти Општината.
На јавниот повик беа поднесени вкупно 51 пријава .Комисијата донесе одлука за избор на 10 станбени објекти кои ги исполнуваат условите за финансиска помош за санација на лифтови и 16 станбени објекти за финансиска помош за санација и поправка на покриви.
Општината ќе се вклучи со финансиска поддршка на лифтовите на станбените објекти:
1.ул.Васил Ѓоргов бр.32
2.ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр.30
3.бул.Кочо Рацин бр.18
4.ул.Кирил и Методиј бр.48/4
5.ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр.48/5
6.ул.Народен Фронт бр.25
7.ул.Васил Ѓоргов бр.32
8.ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр.38
9.ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр.24кула9
10.ул.Вељко Влаховиќ бр.19
Комисијата оцени дека е неопходна реконструкција на покривите на станбените објекти:
1.бул.Кочо Рацин бр.40
2.ул.11 Октомври бр.31
3.ул.Козара бр.42/1
4.ул.Цицо Поповиќ бр.3
5.ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр.48/5
6.ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр.12
7.ул.Васил Ѓоргов бр.32
8.ул.50 Дивизија бр.39
9.ул.Народен Фронт бр.21-3
10.ул.Франклин Рузвелт бр.40
11.ул.Алберт Ајнштајн бр.1
12.ул.Цицо Поповиќ бр.1
13.ул.Вељко Влаховиќ бр.25
14.ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр.30/3
15.ул.Димитрие Туцовиќ бр.22
16.ул.Мирослав Крлежа бр.51
Проектот ќе биде поддржан со финансиски средства од буџетот на Општина Центар, во висина од 30 отсто од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 150.000 денари, за реконструкција на постоечки кровни конструкции и висина од 30 отсто од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 300.000 денари за поправка и санација на лифтови за секоја одобрена апликација. Сопствениците на посебни делови преку кредитирање или во готово ќе ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од 70 отсто од вкупниот износ од вредноста за реконструкција на постоечки покривни конструкции и поправка и санација на лифтови.