Општина Штип стратува со проектот за изградба на секундарна гасификациска мрежа. Градоначалникот на Општина Штип Благој Бочаврски на денешната прес-конференција информираше дека е објавен повикот за избор на најповолен понудувач за изработка на основен и идеен проект за изградба на 20 километри гасоводна мрежа. Јавниот повик е објавен на 19 февруари во електронскиот систем за јавни набавки во Службен весник на Р.Македонија и во Службено гласило на ЕУ. Проценетата вредност на проектот без вклучен ДДВ е 4.950.000 денари и ова е стартна цена за компаниите, кои имаат интерес да го изработат проектот.
– Ова значи дека започнуваме еден крупен процес, дологодишен кој што ќе значи олеснување на животот на граѓаните, ќе значи и заштеда на енергија, многу помали сметки за загревање на домовите на граѓаните. Општинските и државните институции ќе плаќаат многу помали сметки за загревање. Што значи дека 40 до 50 проценти, а некаде и до 70 ќе имаме помали сметки за загревање. Индустриските капацитети во Општина Штип ќе имаат исто така огромни олеснувања – вели Бочварски.
Тој истакна дека огласот ќе трае до 12 март 2018 година, по што ќе се одржи електронска лицитација за најповолен понудувач за изработка на основен и идеен проект за секундарна гасоводна мрежа.
Бочварски забележа дека овој проект ќе им послужи како основа за развивање на мрежата, согласно потребите на граѓаните и фирмите, кои веќе имаат пројавено интерес.
– Доколку некои идни генерации чувствуваат потреба дека мрежата е мала ќе можат да го надградат овој проект. Јас мислам дека сега е доволно за една почетна фаза, за кој што, јас верувам дека во наредните десетина години ќе ја реализираме целосно – рече Бочварски.
Штипскиот градоначалник на денешената прес-конференција додаде дека ќе престои и период, во кој локалното раководтсво треба да одлучи дали секундарната гасификациска мрежа ќе се гради од буџетот на Општина Штип преку формираното јавно претпријатија за гасификација или пак преку јавно-приватно партнерство.
Очекува наредната година да се постави и првата цевка на гасификациската мрежа.