Премиерот Зоран Заев прими писмо со честитки од канцеларката на Сојузна Република Германија Ангела Меркел, во кое таа ја изразува својата радост за постигнатиот договор за македонско-грчкиот спор за името, соопшти прес-службата на Владата.
– Оваа спогодба го отвора патот за историски договор, и Вам и на Вашата влада срдечно Ви честитам за овој успех. Сојузна Република Германија со голем интерес ќе го следи спроведувањето на овој Договор и силно ќе го поддржи – се истакнува во писмото-честитка до премиерот Заев од германската канцеларка Меркел.