На Чавков, Мукоски, Бетмен, Нинџа… ќе им се суди за „27 април“

Сепак, во ова обвинение не се опфатени евентуалните нарачатели на упадот. Кога на 27 март годинава беше покренато обвинението, од обвинителството најавија дека ќе продолжи истрагата. Од обвинителство не одговараат до каде е истрагата за нарачателите, посочувајќи дека во интерес на истрагата во моментов не можат да соопштат повеќе информации.

1138

Кривичниот суд го прифати обвинението и против 30-мина опфатени во случајот со упадот во Собранието лани на 27 април наскоро треба да започне судскиот процес.

Кривичниот суд соопшти дека го Советот за оценка по одржана јавна седница го прифатил обвинителниот акт.

„По детелно разгледување на сите приговори поднесени од одбраната и обвинетите како и ценење на фактите и доказите приложени во обвинителниот акт донесе решение со кое го одобри обвинителниот акт во целост. Откако ќе биде формиран кривичен предмет по обвинителниот акт и истиот согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување и ќе биде закажан термин за глава расправа, странките и јавноста ќе бидат благовремено известени“ соопштија од Кривичниот суд.

Меѓу вкупно 30-те опфатени со обвинението се и поранешниот директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, петмина пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ (Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски и Сашо Василевски), дел од организаторите на протестите За заедничка Македонија (Игор Дурловски, Богдан Илиевски – Бетмет, Владо Јовановски, Борис Дамовски)…

Минатата недела, сам се предаде и Александар Василевски Нинџа споменат како еден од организаторите на настаните од „крвавиот четврток“. Тој е лицето кое на критичниот ден имал телефонска комуникација до Виена.

– Во групата обвинети е и лице кое на 27 април преку телефонски повик во 14.30 минути, било известено да ја започне акцијата, по што заедно со уште неколкумина обвинети го мобилизирале членството од Скопје и други градови за насилен упад во Собранието, однапред знаејќи дека објектот на Собранието не е соодветно обезбедено и заштитено од полициските сили. Десетмина од обвинетите организирале поголема група луѓе на кои им делеле маски-фантомки и заедно со нив, по претходен телефонски повик во 18.58 минути, се упатиле кон зградата на Собранието – посочија од обвинителството.

Сепак, во ова обвинение не се опфатени евентуалните нарачатели на упадот. Кога на 27 март годинава беше покренато обвинението, од обвинителството најавија дека ќе продолжи истрагата.

– Покрај за обвинетите, истрагата утврди дека во организацијата на настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија биле вклучени и одреден број засега непознати лица, за што во следниот период продолжуваат истражните дејствија со цел целосно расветлување на настанот – посочија оттаму.

Плусинфо праша во Јавното обвинителство до каде е истрагата за тогаш непознатите инволвирани лица и дали има трага до нарачателите, а оттаму само ја потврдија одлуката на Кривичниот суд за прифаќање на обвинителниот акт.

– Со цел целосно расветлување на настаните надлежниот јавен обвинител продолжува со спроведување на предистражните дејствија и во моментов согласно закон не може да сподели повеќе детали за истата – одговорија од обвинителството за тоа до каде е инволвираните лица кои при поднесувањето на обвинението беа непознати, како и истрагата за нарачателите.

Дека е неопходна правна разрешница за настаните во законодавниот дом лани, според најавите, ќе биде она на што Европската Унија во заклучокот од Самитот во Брисел наредната недела ќе ја потсети Македонија без разлика дали ќе одреди датум за почеток на преговорите или не.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...